(Рецепт) Имате проблем со НЕПРИЈАТЕН МИРИС НА СТАПАЛАТА? Наместо скапи кремови пробајте ПРИРОДНИ РЕШЕНИЈА!

Непријатниот мирис на стапалото е многу чест проблем, но за тоа генерално не се зборува. Причината не е пот, како што мислат повеќето луѓе, туку бактерии кои се размножуваат во влажна средина.
Непријатен мирис се јавува без оглед на сезоната. Мажите и жените се подеднакво подложни.
Смрдливите нозе може да бидат минато кога ќе ја елиминирате причината за проблемот. Ако вашиот примарен проблем е габична инфекција, за да се ослободите од непријатниот мирис прво мора да се ослободите од габите. Ви нудиме многу ефикасни, природни бањи кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем брзо.

Горчлива сол
– Половина чаша горчлива сол
– 8 чаши топла вода
Измешајте ги состојките додека не се стопат, а потоа натопете ги стапалата во оваа бања двапати на ден по половина час. Горчливата сол ги неутрализира непријатните мириси и ги омекнува грубите потпетици.


Есенцијални масла
Користете есенцијални масла од еукалиптус, рузмарин, жалфија, лаванда, мајчина душица, пеперминт, гераниум или цимет. Направете комбинација од вашите омилени масла и измешајте ги во леѓен со вода. Држете ги нозете во мешавината 10 минути двапати на ден.


Рузмарин и жалфија
– 1 лажичка сушен рузмарин
– 2 лажички сушена жалфија
Жалфијата има антибактериски, антивирусни и антифунгални својства, додека рузмаринот го намалува потењето. Леѓенот наполнете го со врела вода, додадете ги билките и оставете да се излади, а потоа натопете ги нозете двапати на ден за половина час.

Лимон и сода бикарбона
Сода бикарбоната е позната како едно од најефикасните средства во борбата против непријатните мириси на стапалото. Ги уништува бактериите и габите и апсорбира непријатни мириси.
– Четвртина чаша сода бикарбона
– 8 чаши вода
– 1 лимон, сок
Измешајте ги сите состојки со млака вода и натопете ги нозете околу дваесет минути неколку пати на ден.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …