„Луѓето кои немаат симптоми на вирусот корона, ретко ја шират инфекцијата понатаму“, изјавил епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керкхов.
„Врз основа на податоците што ги имаме, се чини дека е реткост лицето без симптоми да го пренесе (вирусот) на друго лице“, рече таа.
Ван Керкхов истакна дека СЗО прима извештаи од земји, кои, како што изјави, детално ги следат контактите на заразените, вклучително и асимптоматски случаи.
Таа додаде дека тие земји не откриле дека преносот ќе продолжи.
Ван Керкхов рекла дека луѓето кои немаат симптоми на ковид 19 често развиле лесна форма на болеста, пренесува Си-Ен-Ен.
Во исто време, таа повторила дека вирусот корона се шири преку капки, што може да се ослободи кога некој кашла или кива.
„Ако навистина ги следивме сите асимптоматски случаи, ги изолиравме овие случаи, ги следивме контактите и ги карантиравме тие случаи, ние драстично ќе го намалевме преносот“, рекла Ван Керкхов и додала дека би сакала да каже во проценти колку навистина би се намалил преносот.