(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПРОСТИЛЕ ОД ФЛОЈД – Неговиот брат порачува: „Ќе добиеме правда, нема да дозволиме оваа врата да се затвори!“

Афроамериканецот Џорџ Флојд, чие убиство во полициската акција во Минеаполис предизвика протести низ САД, но и во светот, ќе биде погребан денес во Хјустон.
Неговото тело беше јавно изложено шест часа во Хјустон на комеморацијата, по што ќе биде погребан.
Претходно, се одржуваа комеморативни служби за Флојд, Минеаполис, каде тој беше убиен, и Редфорд, неговото родно место во Северна Каролина.
На комеморацијата присуствуваа семејствата и на други афро-американски жртви на убиствата, кои исто така предизвикаа бес во јавноста, меѓу кои и роднини на Ерик Гарнер, Мајкл Браун, Ахмад Арбери и Трајвон Мартин.
„Боли“, рекол Филониз Флојд, братот на Џорџ Флојд, кој плачел додека спомнувал некои од имињата пред црквата.


„Ќе добиеме правда, ќе ја добиеме, нема да дозволиме да се затвори оваа врата“, рекол тој, пренесува „Гласот на Америка“.
Следејќи ги упатствата за социјално растојание, посетителите наизменично влегувале во црквата со заштитни маски. На секое лице му биле дозволени само неколку секунди да му оддадат почит на Флојд, кој лежел во златен ковчег, завиткан во неколку букети цвеќиња.
Многу посетители носеле маици на кои пишувало „Црниот живот е важен“ и последните зборови на Флојд, „Не можам да дишам“.
Некои ја пееја песната „Lean on me“, а началникот на полицијата во Хјустон се прегрнал со некои во поворката.
Сенаторот Џо Бајден, иден кандидат на демократите на претседателските избори во САД, се состанал со семејството на Флојд во Хјустон.
Семејството и дозволило на јавноста да го види ковчегот на Флојд пред споменикот, а илјадници луѓе присуствувале на настанот.


Кауција за Шовин 1,25 милиони долари
Судијата Џенис Рединг му одредил кауција од 1,25 милиони долари на Дерек Шовин, поранешен полицаец во Минеаполис, обвинет за убиство на црномурниот Џорџ Флојд.
Шовин не бил физички присутен на суд поради мерките за заштита поради вирусот корона, но сè било направено преку видео-врска. Тој се појавил пред судијата Рединг со лисици на рацете и во портокалова затворска униформа.
На Шовин му била изречена нова кауција. Безусловната се зголемила од претходните милиони долари на 1,25, додека условната се кренала од 700.000 на еден милион долари.
Условите подразбираат појавување на рочишта во иднина, да не го крши законот, да не се вработува во безбедносна фирма или како полицаец, продавање оружје и муниција, да не ја напушта Минесота и да нема контакт со семејството на Џорџ Флојд.


Шовин беше обвинет за убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство со предумисла. Неговиот адвокат, Ерик Нелсон, не поднел приговор на суд, објави АП.
Флојд почина на 25. мај за време на апсењето, откако полицаец го притискашесвоето колено на неговиот врат осум минути и 46. секунди. Неговата смрт предизвика протести против расната дискриминација и полициската бруталност низ САД и во светот.

Трамп: Нема да има разрешување од полиција
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да има промена и намалување на буџетот во американската полиција. Тој на средбата со претставниците на полицијата во Белата куќа додаде дека полицајците се „одлични луѓе“.
Тој рече дека ова е „многу успешна година во смисла на намалување на криминалот“.
“Нема да има кратење на буџетот. Нема да има распуштање на нашата полиција. Нашата полиција на остава да живееме во мир”, реколТрамп.

Демократите клечеле осум минути и 46 секунди
Околу 20. демократски пратеници во американскиот Конгрес, вклучувајќи го и претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, одржале минута молчење и симболично клечеле на едното колено осум минути и 46 секунди за да му оддадат почит на убиениот Флојд.
Демократските пратеници клечеќе носејќи шалови со мотиви на традиционална африканска облека, а потоа презентирале предлог-закон за полициска реформа, пренесува CNBC.
Меѓу оние кои клечеле во Холот на еманципација бил лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чарлс Шумер и поранешните кандидати за претседател на демократите, Кори Букер и Камала Харис, додава Скај њуз.

Пелоси ги прочитал имињата на Флојд и другите луѓе кои беа убиени за време на полицискиот притвор во Соединетите држави, нарекувајќи го Флојд „маченик“.
„Мачеништвото на Џорџ Флојд направи разлика во светот“, рекла таа подоцна на брифингот.
Таа додала дека демократите во Конгресот стојат за оние кои се борат за правда и акција, споменувајќи ги и другите Афроамериканци за кои рече дека биле „маченици“ кои починале поради „полициска бруталност“, додава „Дејли мејл“.

Афроамериканец нов началник на полицијата во Портланд
По тековните протести за насилството врз Афроамериканците, началникот на полицијата Портланд поднел оставка. Новиот началник на полицијата ќе стане поручник со темна кожа, пренесува весникот „Орегонијан“.
“Ја слушав нашата заедница. Оваа промена доаѓа од моето срце. Дури и Ловел е посветен на раотата целиот свој живот. Имам максимална доверба во него и неговиот зибор“, напишала Џејми Рајш на Твитер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …