Радувајте се – денеска имате посебна причина за тоа!

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на среќата. Денеска е ден кога треба да заборавите на сите свои проблеми. Бидејќи 20. март е и официјален почеток на пролетта, тоа е причина повеќе да бидете расположени.
Целта на Денот на среќата е да се зголеми свеста за важноста на потрагата за среќата
и добробитта на светското население, со оглед на тоа дека потрагата за среќа е темелна човечка цел.
Поради тоа се повикуваат сите земји членки и други меѓународни и локални организации да се здружат во промовирањето на наведените цели, и преку своето делување, да упатуваат и ја образуваат јавноста поради подигнување на свеста за важноста на среќата, односно одбележувањето на Меѓународниот ден на среќа.
Идејата за Меѓународниот ден на среќа потекнала од претставниците на кралството Бутан во 2012. година во Обединетите Народи. Таму, во делови од планината Хималаи, која е своевидна колевка на многу квалитетни глобални духовни движења, во седумдесеттите години на минатиот век биле воведени нови мерки на национална благосостојба која не се мерела во материјални богатства туку во чувството на среќа на народот, позната како „бруто национална среќа“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …