Првото бебе во 2023 година е машко и ќе се вика Ване

Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.
Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама и е долго 51 сантиметар, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје.
Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама и е долго 51 сантиметар, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје.

Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете. Бебето ќе биде крстено Ване по името на неговиот дедо.


This image has an empty alt attribute; its file name is prvo-bebe-1.jpg

Од ЈЗУ ГАК на новороденчето му посакуваат добро здравје и среќно детство.


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за здравство Беким Сали, денеска го посетија првото родено бебе во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Скопје.

Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска информираше дека првото родено бебе е машко, прво дете на 22 годишната мајка Стојанка Панајотова од Кочани. Тешко е 3720 гр. и долго 51 сантиметар, родено во првата минута по полноќ.


Министерот Сали во изјава за медиумите им посака на мајката и бебето добро здравје, успеси, радости и среќно детство со многу насмевки.

„Им посакувам успешна и среќна 2023 година на сите граѓани, посебно сакам да се заблагодарам на сите здравствени работници, кои со својата пожртвувана работа придонесуваат за успешно функционирање на здравствениот систем,“ истакна министерот Сали.

This image has an empty alt attribute; its file name is prvo-bebe-2.jpg

Министерката Тренчевска пред се им ја честиташе новата година на сите граѓани, со желби за многу здравје, љубов, среќа и успех во годината која ја започнуваме. Таа во нејзино име и во име на Министерството за труд и социјална политика на мајката и честиташе за првата рожба и на бебето му посака многу здравје и среќа.

„Ја продолжуваме традицијата на Министерството за труд и социјална политика и оваа година првото родено бебе доби златник како подарок. Како Министерство за труд и социјална политика грижата за граѓаните со акцент на најранливите е наш приоритет. Градењето на услови за подобра иднина за нашите деца останува во фокусот на нашето работење. Продолжуваме и во новата 2023 година, со капитални инвестиции ,изградба на нови и проширување на капацитетите на детските градинки, затоа што секое дете има право на квалитетно предучилишно воспитание и образование,“ истакна Тренчевска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 16.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Бизнис: На Овенот им претстои уште еден многу успешен и активен ден, без разлика …