(ВИДЕО) ПРЕД 15 ГОДИНИ – Сопругата на Брус Вилис објавила трогателно видео: „Моментот кога се заљубив од глава до петици!“

Ема Хеминг Вилис, сопругата на Брус Вилис, сподели со своите следбеници момент од нивното минато и рекла дека тогаш се заљубила во актерот.
Ема објави видео на Инстаграм, потсетувајќи се на денот кога го запознала Брус.
„Тоа беше таа зима, пред 15 години, се заљубив одглава до петици во него“, напишала Ема и додала: „Љубовта на мојот живот“.

Познатиот актер Брус Вилис може да се пофали со големо семејство кое го опкружува и го поддржува во тешките моменти.
На почетокот на минатата година на Вилис му беше дијагностицирана афазија, болест која ги напаѓа неговите когнитивни способности, а актерот реши да се повлече од светот на актерството.



Ема и Брус се венчаа во март 2009 година по неколку години врска и имаат две ќерки, Мејбел, која има 10 и Евелин, која има осум години. Брус ги има и ќерките Талула, Скаут и Румер со поранешната сопруга Деми Мур.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …