Новогодишната ноќ во градовите ширум светот во првата година по пандемијата на коронавирус привлече голем број луѓе на улиците, со спектакуларни изведби на музички ѕвезди и огномет.
За многумина ова е прв дочек во последните три години, каде што прославите се целосно ослободени од пандемични ограничувања.
Велика Британија ја дочека Новата година со огномет над реката Темза, со кој и оддаде почит на покојната кралица со снимка од нејзиниот глас и зборови од актерката Џуди Денч, пред да му оддадат почит на кралот Чарлс, заедно со неговата порака за потребата од зачувување на иднината на нашата планета.
Во Велика Британија, многумина присуствуваа на новогодишните прослави во Единбург, кој претходно беше изгласан за најдобра локација за дочек на 2023 година. На јавниот дочек, легендарната група Pet Shop Boys ги внесе посетителите со новата 2023 година.
Спектакуларни сцени пристигнуваат и од Берлин на новогодишната ноќ. Новата година во Германија започна со приказ на неверојатен огномет над хоризонтот на Берлин.
Пред одбројувањето и огнометот што започнува на полноќ, парижаните и туристите биле поканети да се соберат на Шанзелизе од 22 часот за да уживаат во музичката програма во чест на француските уметници.
Традиционалната новогодишна ноќ на Шанзелизе во Париз е зголемена со илуминација. Новогодишниот огномет се врати по пауза од две години.
Њујорк традиционално ја дочека Новата година на Тајмс Сквер. Публиката до полноќ имаше можност да ужива во изведбите на J-Hope и New Edition, а на полноќ на Тајмс Сквер беше пуштена песната на Френк Синатра „New York“.
Точно на полноќ, громогласен аплауз одекна низ Тајмс Сквер. Студеното време и снегот не ја расипаа новогодишната еуфорија која владееше на Тајмс Сквер оваа ноќ.
https://youtu.be/JWcA5YKlcd8
Прославата не ја заобиколи ниту Москва, иако властите го затворија познатиот Црвен плоштад поради ограничувањата на пандемските мерки и го зголемија полициското присуство во областа.
Од друга страна, во главниот град на Украина улиците беа пусти и немаше навестување за новогодишна прослава.
Во Кина и покрај ограничувањата граѓаните сепак излегоа на улиците да ја дочекаат новата 2023 година.
Фото: Принтскрин/YouTube