Прогноза за последниот работен ден неделава

Се’ на се’, јужниот дел од земјава ќе има „полошо“ време отколку северниот во текот на овој петок.

Само во раните утрински часови се можни слаби врнежи во северната половина од земјата, додека повремени врнежи во јужниот крај ќе има претпладне и повторно во текот на вечерните часови.
Повремени сончеви периоди ќе има во североисточниот и централно источниот крај.
Ветерот повторно ќе биде сосема слаб.
Наутро минималната температура воглавно ќе има вредност помеѓу 2°С и 5°С.
Температурата ќе биде слична на изминативе два дена, односно максималната ќе биде помеѓу 5°С и 7°С во котлините од северниот регион, а долж југот на повардарето, југозападниот крај, како и повисоките населени места во осоговскиот и малешевскиот крај се очекува температура со максимална вредност помеѓу 8°С и 10°С.
Скопската котлина очекува претежно облачно време. Само рано наутро ќе има услови за слабо проврнување. Температурата ќе има минимална вредност околу 2°С, а максимална вредност околу 7°С најавуват од  meteopro.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …