(ФОТО) Од овој свет заминува без жалење:„Ја мразам ова епоха, ми се повраќа од неа!“

Ален Делон дал интервју кое многумина растажило…
Еден од најславните француски глумци, Ален Делон, во интервјуто дадено на францускиот магазин Paris Match, дадено по повод 60. години кариера, тврди дека од овој свет ќе си замине „без жалење“.
„Животот повеќе не ми донесува којзнае што. Се’ доживеав, се’ видов. Но, најмногу ја мразам оваа епоха, ми се повраќа од неа“ објаснува 82. годишниот глумец на крајот на интервјуто со наслов „Јас, Делон,интервју на неговиот живот“.
„Има луѓе кои ги мразам. Се’ е лажно, искривено. Повеќе нема почитување, никој повеќе не ви дава збор. Само на парите се смета. Цел слушам за злосторства. Знам дека овој свет ќе го напуштам без жалење“ вели Ален Делон.
„Скоро сите се мртви’ истакнува легендарниот глумец од „Гепард“ (1963.), кому пред некоку месеци му почина Миреј Дарк, глумицата која со него го делеше животот во седумдесеттите години.
Тој напоменува и дека “доцни“ снимањето на неговиот „последен филм“ во кој би требало да глуми покрај Џулиет Бинош, а „би сакал и по последен пат да застане и на театарските штици“.
Претходниот долгометражен филм со Ален Делон беше во 2008. година, „Астерикс на Олимписките игри“ во кој го глумел Јулие Цезар. Во театар последен пат настапил во „Обичен ден“ од Ерик Асоус.
Публиката посебно ќе го памти по улогите во филмовите „Роко и неговите браќа“(1960.), „Помрачување (1962.) и „Господин Клајн“ (1976.).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …