Продолжува топлото време – денеска до 36 степени, но од среда…

Сончево и топло до 36 степени ќе биде денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево и топло, со утринска температура од 13 степени и максимална дневна од 32 степени.
Топлото време ќе се задржи и во вторник, а во среда ќе дува засилен југозападен ветер со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.
Од четврток со умерен до засилен северозападен ветер ќе има значителен пад на температурата, но се уште и повремен дожд. Потоа времето ќе биде стабилно и посвежо, со особено ниски утрински температури.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цацко Конопишки: На улица често ме мешаат со Антонио Бандерас!

Во новото издание на „Нешто конкретно” разговараме со луѓе што оставиле трајни вредности на македонската …