Признание за „Македоника литера“ за СЕРИЈАТА „НАЈДОБРАТА КИНЕСКА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА“ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ИЗБРАНА ВО НАЈУСПЕШНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ИЗДАВАЧКИ ПРОЕКТИ ВО КИНА

Издавачкиот комитет при Кинеската издавачка асоцијација деновиве ги одбра најдобрите меѓународни преводни издавачки проекти на кинеската литература во рамките на иницијативата за соработка „Појас и пат“. Од неколкуте стотици издавачки проекти, меѓу 25-те најуспешни проекти досега, избрано е серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“, која „Македоника литера“ ја реализира во соработка со издавачката куќа „Делфин книги“ од Пекинг и во која досега се публикувани 18 книги – избори од прозното творештво на најпознатите современи кинески писатели за деца и млади.
Главниот уредник на оваа серија, Ванг Ќуанген, е првиот доктор супервизор за литературата за деца во Кина, професор на Нормал универзитетот во Пекинг и заменик-директор на Комитетот за литература за деца на Асоцијација на писатели на Кина

This image has an empty alt attribute; its file name is Najdobrata-kineska-literaturaza-deca-grb-13.jpg
Оваа репрезентативна и антологиска серија е прифатена како нова и исклучително квалитетна понуда за македонските читатели, а текстови од овие книги веќе се најдоа и во новите учебници и прирачници за основното образование. На Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип досега се изработени над дваесетина семинарски теми за книги од серијата, како и еден дипломски труд посветен на целата серија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …