(ВИДЕО) НЕОЧЕКУВАНА ВЕСТ – Крис Хемсворт на снимањето на серијата за борбата против стареењето открил дека му се заканува сериозна болест

Крис Хемсворт за време на снимањето на една епизода од серијата „Limitless“ дознал дека поради комбинацијата на гени има речиси 10. пати повеќе шанси да добие Алцхајмерова болест.
Глумецот од „Тор“ дознал во една епизода од ограничената серија на Дизни + и National Geographic „Limitless“ – која го покажува како истражува начини да го продолжи животот и да се бори со стареењето – дека има две копии од генот APOE4, по една од секој од неговите родители, што значи дека има зголемена предиспозиција за развој на Алцхајмерова болест.
„Ги земаа сите мои крвни анализи и ми направија еден куп тестови, а планот беше да ми ги кажат сите резултати пред камера и потоа да разговараат за тоа како можам да ги подобрам работите“, изјавил Хемсворт за Vanity Fair во написот објавен во четвртокот.
„Питер Атија, кој е доктор за долговечност во таа епизода и надгледува голем дел од серијата, му се јавил на креаторот Дарен и му рекол: ‘Не сакам да му го кажам тоа пред камера. Треба да имаме вонреден разговор и да види дали воопшто тој го сака ова во емисијата’. Беше доста шокантно бидејќи ми се јави и ми кажа“, изјавил актерот.


Откако ја слушнал веста, Хемсворт рекол дека „има тони прашања“, а подоцна додал дека навистина не знае што да мисли и се прашувал дали треба да биде загрижен.
Тој, исто така, рекол дека шоуто тогаш „станало уште порелевантно и поважно за него, дури и потрогателно отколку што некогаш мислел дека ќе биде“, додавајќи дека APOE4 не е предетерминистички ген, туку силна индикација: „Пред десет години, мислам дека повеќе се сметаше за детерминанта“.
Новите информации, за која Хемсворт рекол дека го направиле „осум до 10 пати поголема веројатност“ на крајот да развие Алцхајмерова болест, природно го навеле да размислува за смртта и сопствената смртност.
„Limitless“, којл покажува како ѕвездата на Марвел се занимава со разни акробации и практики за продолжување и подобрување на својот живот, всушност се занимава со соочување со смртта во последната епизода.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Годишната изложба“ на ДЛУМ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија ве поканува на отворањето на „Годишната изложба“ на ДЛУМ …