Премиерна изведба на кореографската постановка ,,ПОДГОР’’

Во НУЦК ,,Иљо Антески Смок” – Тетово, на 11 ноември 2023 година, со почеток од 19:00 часот премиерно ќе биде изведена кореографската постановка ,,ПОДГОР’’ – Долни Полог.

Автор и кореографска обработка: Бобан Трпковски
Музички аранжман: Дарко Илиевски
Придружен оркестар: Вокално-инструментален состав ,,АМАНЕТ’’
Играорски кор: КУД,,Кирил Пејчиновиќ’’-Теарце
Костимограф: Коце Исајловски


Гости на премиерата:
– КУД,,Гоце Маркоски”- Скопје
-КУД,,Илинден”-Битола
-Вис ,,АМАНЕТ” – Скопје

Кореографската постановка ,,ПОДГОР’’ како второ авторско дело на кореографот Бобан Трпковски од областа на фолклорот, произлегува после долгото истражување во етничкиот предел Долни Полог, со акцент на селата кои се наоѓаат под падините на Шар Планина од каде што произлегува и самото име ,,ПОДГОР’’. Целта на овој сплет на народни игри и песни е афирмацијата на македонскиот фолклор, култура, традиција, гласоечкото пеење како и народната носија од овој крај. Постановката претставува еден селски собор, каде што има присуство на млади девојки, млади невести, ергени и други социјални статуси од општеството. Сите овие ора и песни од Долни Полог низ годините населението ги творело и негувало на празници, веселби, собори и други случувања за да ги пренесе од колено на колено до ден денес, за да се преточи во една ваква кореографија која вреди да се проследи од секој еден љубител на македонскиот фолклор и традиција.


Картите се пуштени во продажба и може да се купат во Пицерија ,,Форум” – Тетово и во просториите на НУЦК,, Иљо Антески Смок” – Тетово по цена од 150 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …