Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски”

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ” бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 3.11.2022 година, донесе:

О Д Л У К А


за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” за 2022 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија

1. Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на:


– проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.

2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:


– акад. Влада Урошевиќ, писател

– Исмет Рамиќевиќ, ликовен уметник.

3. Во областа на здравството, наградата му се доделува на:

– проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2022 година (четврток) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …