Познат пејач и актер починал на само 28 години: Син е на позната актерка која го нашла во станот и ја открила причината за смртта

Хулијан Фигуероа бил пронајден мртов во неговиот стан
Хулијан Фигуероа, млад пејач и ѕвезда на теленовели, починал на 28-годишна возраст. Џулијан беше син на познатата актерка од Костарика, Марибел Гвардија, и мексиканскиот пејач и композитор, Хуан Себастијан.
Веста за неговата смрт ја споделила неговата мајка која го нашла во станот. Кога пристигнала брзата помош можеле само да констатираат смрт. Причината е срцев удар кој се случил под непознати околности.
Фигуероа играше во хит сериите „Mi camino es amarte“, како и во сериите „Come dice el dicho“ и „Por Siempre Joan Sebastian“, во кои го глумеше сопствениот татко. Неговиот татко починал во 2015 година на 65-годишна возраст. Последната објава на Јулијан на Инстаграм била во спомен на неговиот покоен татко.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 2 години без нашиот истакнат актер Димче Мешковски

Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Тој е македонски …