(ВИДЕО) На Шварценегер му здодеало да чека властите да ја поправат дупката, па сам го направил тоа

Актерот Арнолд Шварценегер ги презел работите во свои раце откако му здодеало недејствувањето на властите во неговата област и закрпил дупка на патот што му правела проблеми нему и на неговите соседи.

This image has an empty alt attribute; its file name is svarceneger-krpi-ulici.jpg


„Откако целото соседство беше вознемирено поради оваа огромна дупка на патот што со недели ги оштетува автомобилите и велосипедите, денеска излегов со мојот тим и ја поправив. Секогаш велам – да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напишал 75-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер, каде што објави видео како го поправа патот.
Луѓето го пофалија актерот, поранешен бодибилдер и политичар што ги засукал ракавите и сам си ја завршил работата.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …