Прво прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 13.04.2023 година ќе започне првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, односно:

1. Авионската дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.04.2023 (четврток), во раните утрински часови.


2. Терестричната дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.04.2023 (четврток), во текот на денот.

   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога  ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.


Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …