13 жени го обвиниле Жерар Депардје за сексуално вознемирување

Депардје, кој се прослави во хитовите како „Зелената карта“ и „Последното метро“, остро ги отфрла тврдењата
Тринаесет нови жени и се придружија на наводната жртва на силување во обвинувањето на филмската ѕвезда Жерар Депардје за сексуално несоодветно однесување, според водечка француска истражна веб-страница.
„Mediapart” во средата објави досие во кое детално е опишано како 74-годишникот редовно ги ловел своите жртви за време на неодамнешните продукции на кои работел, вклучително и криминална драма на Нетфликс.
Депардје, кој го направи своето име во хитовите како „Зелената карта“ и „Последното метро“, остро ги отфрла овие тврдења, а неговиот тим го изјави следново:
– Тој формално ги негира сите обвинувања што би можеле да потпаднат под кривичниот закон.

This image has an empty alt attribute; its file name is zerar-depardje-1.jpg


Имено, сите тринаесет жени тргнале по стапките на познатата актерка Шарлот Аронл, која прва го обвини за силување.
Актерката, која поднела жалба до жандармеријата во август 2018 година, тврди дека Депардје двапати ја силувал во неговиот дом во Париз.
Тогаш обвинителството ја одбило нејзината тужба, па актерката, чие име не се споменува, побарала случајот да го води истражен судија.

Извор: Mediapart


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …