ПОЗНАТ АКТЕР ПОЧИНАЛ НА 58 ГОДИНИ ПО КРАТКА БОРБА СО БОЛЕСТА: Глумеше во популарна серија, а потоа следуваа други КУЛТНИ улоги

Актерот Ронан Виберт починал по кратка битка со болеста, јавуваат светските медиуми.
Трагичната вест ја потврди неговиот тим соработници. Ронан починал на 58-годишна возраст, а ќе го паметиме по култните улоги во продукциите „Спасувајќи го господинот Бенкс“, „Дракула“, „Снешко“ и други.
Тој исто така го глумеше Лепидус во високогледаната серија на HBO „Рим“, а неговата последна улога беше во фантастичната серија „Carnival Row“.
Виберт заф себе ја остави сопругата Џес Виберт.
Според медиумите, за починатиот актер ќе се одржи комеморација во кругот на семејството и најблиските пријатели.
Ронан е роден во Кембриџ и пораснал во Јужен Велс, но во последните години живеел на Флорида. Актерското деби го имал во 1989 година во емисијата „Сообраќај“. Серијата послужила како основа за со Оскар наградениот филм „Сообраќај“ од 2000 година, во режија на Стивен Содерберг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …