Чагатај Улусој и Киванч Татлитуѓ во конфликт со контроверзна продуцентка

Обожавателите на Чагатај Улусој и Киванч Татлитуѓ со нетрпение го очекуваат враќањето на нивните омилени ѕвезди во ТВ сериите. Сепак, изгледа дека актерите имаат сосема поинакви планови и нема да се вратат на телевизија.

Според турските медиуми, Чагатај Улусој одбил нова ТВ серија базирана на приказна на Ѓулсерен Будајчиоглу, која му била понудена летово.По него, Киванч Татлитуѓ исто така одбил понуда да глуми во нова ТВ серија. Според гласините и двајцата актери решиле да не глумат во ТВ серии каде има насилство врз жените.
Друга гласина тврди дека не станува збор за проблем со насилството, туку дека двајцата пријатели решиле да се оградат од продуцентката на сериите. Имено, продуцентката е на мета на критиките затоа што е поранешен психолог, а ја обвинуваат дека профитирала од личните приказни на нејзините пациенти.


This image has an empty alt attribute; its file name is 2-1.jpg

Сепак, причината можеби е многу побанална: на супер ѕвездите секогаш им се нудат десетици нови проекти, кои честопати ги одбиваат затоа што не им се допаѓа сценариото или ликот. Исто така, можно е воопшто да не им биле понудени нови ТВ серии и ова е само ПР за таблоидите, публиката и продуцентите да не ги заборават актерите.
Но, актерите дефинитивно нема да останат без работа. Според „Хуриет“, Чагатај Улусој моментално е на заслужен одмор далеку од големиот град, заедно со неговата сакана Дујгу Саришин. Актерот не само што одмара, туку се подготвува за нова улога.
Што се однесува до Киванч Татлитуѓ, тој штотуку завршил со работа на голем нов проект, каде негова колешка е Бенет Саат.


This image has an empty alt attribute; its file name is Cagatay.jpg

На малите екрани кај македонската публика, Чагатај и Киванч се актуелни во главните улоги на сериите „Инсајдер“ и „Украдено минато“.
„Инсајдер“ е серија на една од најголемите продуцентски куќи во светот – Ay Yapim од Турција и се смета за најгледана онлајн серија на сите времиња. Серијата ја следи приказната за двајцата браќа, Сарп Јилмаз (Чагатај Улусој) и Умут Јилмаз (Арас Булут Инемли), кои биле разделени како деца и кои по многу години повторно се сретнуваат, но сега двајцата се на различни страни од законот.
Серијата „Инсајдер“ се емитува секој работен ден од 17:30 на Dizi.


„Украдено минато“ е серија со две од најголемите имиња во актуелната турска кинематографија, Киванч Татлитуѓ и Туба Бујукустун. Во фокусот на приказната се двајцата главни протагонисти – Цесур и Сухан. Во неа, Цесур се враќа во својот роден крај, мало гратче во околината на Истанбул, Кордулаѓ, со цел да му се одмазди на таткото на Сухан, Тахсин Кордулаг поради нивното вековно семејно непријателство.

Од 28.12, „Украдено минато“ ќе се емитува секој работен ден од 18:50 на Dizi.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …