Како веднаш да застанете на пат на мамурлакот: Неколку корисни совети кои можат да ви помогнат!

Празниците обично се денови на претерување, и во јадење и во пиење
Како општо правило, ако пиете многу алкохол и ако сè уште мешате различни пијалоци, поголема е веројатноста да се разбудите со мамурлак. Замор, жед, главоболка, гадење, вртоглавица, тремор, недостаток на фокус, болки во мускулите, несоница и нарушувања на расположението се сите непријатни симптоми на мамурлак.

Без разлика колку биле силни, секој сака што побрзо да се ослободат од него, а во тоа можат да помогнат одредени намирници и пијалоци.


Вода
Алкохолот го дехидрира телото, па тоа не е изненадувачки. Пиењето многу вода би можело за миг да ја ублажи главоболката, а водата ве поттикнува почесто да одите во тоалет, што ќе го забрза исфрлањето на сите штетни материи.

Домати
Доматите се богати со витамин Ц, но и со глутатион, супстанца која самото тело ја произведува за да се ослободи од токсините. Можете да јадете свежи домати или да направите сок од нив или да купите веќе направен во продавница.


Чај од камилица
Доколку сакате да ги смирите надуеноста, грчевите и мачнините, посегнете по овој чај. Во шолјата додадете малку мед, кој е природен шеќер, а помага и при мамурлак.

Круши
Според истражувачите вработени во CISRO, австралиска научно-истражувачка организација, крушите се лек за мамурлак. Утринскиот мамурлак се намалува помеѓу 16. и 21. отсто, ако сокот од круша се пие пред вечерно излегување.


Спанаќ
Една од најдобрите намирници за мамурлак е спанаќот. Имено, содржи се што навистина ви е потребно – фолна киселина, сулфур и витамин Ц – сите хранливи состојки кои го лечат мамурлакот.

Банани
Колку повеќе алкохол сте пиеле, толку повеќе е дехидрирано вашето тело, а колку е поголем степенот на дехидратација, толку повеќе телото губи калиум. Недостатокот на калиум предизвикува чувство на замор, а може да се појават и симптоми како што се грчеви, повраќање и гадење. Затоа, побрзајте кон бананите и спасете се од многу неволји.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОТРОВНИ ЛУЃЕ: Како да ги препознаете и да се заштитите од нив

Во секојдневниот живот среќаваме различни луѓе – некои не инспирираат и поддржуваат, додека други ни …