(ВИДЕО) На Нетфликс пристигна „Мистерија“; Возбудливо продолжение на хит филмот со Даниел Крег

Филмот „Knives Out“ неочекувано стана голем филмски хит во 2019 година, а беше инспириран од работата на Агата Кристи. Затоа, не е чудно што веста за продолжението предизвика големо воодушевување кај гледачите. За оние кои сè уште не го гледале продолжението, „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ е достапна на Нетфликс од денес.
За што се работи во продолжението?
Детективот Беноа Блан, кој го игра Даниел Крег, оди во Грција. Таму запознава нови, интересни ликови и нова мистерија која треба да ја реши. Заедно со Крег, остатокот од актерската екипа го сочинуваат познати актерски имиња, меѓу кои се Едвард Нортон, Џенел Моне, Кејт Хадсон и Дејв Баутиста. Режијата, продукцијата и сценариото повторно ги потпишува Рајан Џонсон.
Во продолжението има голема промена. Насловот на филмот е сменет во „Glass Onion: A Knives Out Mystery“, а креаторите сакале да го одвојат од впечатокот дека е само продолжение. Сакаа да нагласат дека се работи за нова приказна од потенцијална франшиза.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден не напушти нашиот истакнат вајар и академик Димо Тодоровски

Димо Тодоровски е роден во Солун на 11 декември 1910 година. Тој беше истакнат македонски …