Повик за учество на млади поети на „Скопје СИ ТИ“ во рамките на „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол

Во периодот од 21 до 24 март годинава, Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, ПНВ Публикации и Култура Бета го организира проектот „Денови на поезијата“ со низа настани што ја промовираат поезијата.

Еден од настаните е и „Скопје СИ ТИ“ ‒ предвиден како настан за поддршка на младите поети почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати.


Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни на тема Скопје или, воопшто, урбана поезија, во Word документ на мејлот kulturabeta@yahoo.com најдоцна до 6-ти март.

Имињата на одбраните поети учесници на настанот ќе бидат објавени на 13 март на фејсбук и на инстаграм страниците на Култура Бета и ПНВ Публикации, а настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Скопје Сити Мол на 24 март, со почеток од 19:30 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …