Денес се сеќаваме на нашиот актер Трајко Чоревски

Трајко Чоревски е роден на 22 февруари 1921 година во Велес. Тој беше македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1952 година до неговата прерана смрт. Актер со огромен фонд на изразни можности, кој во играта внесувал многу љубов и поетска возвишеност.

Пред Втората светска војна членувал во театарските дружини на Петре Прличко и Димче Трајковски. Чоревски бил еден од основоположниците на Македонскиот народен театар во 1945 година каде само за шест сезони одиграл 26 драмски ликови.


По 1951 година кариерата ја продолжил во народните театри во Велес и Штип, а од 1952 година, до неговата прерана смрт во 1955 година бил член на Народниот театар од Битола.

Во својот краток глумечки живот остварил повеќе забележителни театарски и две филмски улоги.


1948 Бегалка
1950 Волци и овци
1951 Нил,  Малограѓани
1952 Крис, Сите мои синови
1953 Марко,  Без третпат
1953 Јерко, Луѓе без вид
1954 Митке, Коштана

1952 Фросина ТВ-филм
1955 Волчја ноќ ТВ-филм


Добитник е на наградата на Владата на НРМ (1951), а неговото име го носи наградата за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Починал на 12 април 1955 година во Битола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …