Поставена Скулптуралната инсталација “Грозд” во Центарот на Кавадарци

Центарот за современи уметности Скопје Ве известува за поставување на Скулптуралната инсталација “Грозд” во Центарот на Кавадарци.

Автор на Скулптуралната инсталација е уметницата Маја Танева, изработена е од иноксни нерѓосувачки челични нитки со димензии 200см х 100см, и поставена на постамент од бел мермер со димензии 100см х 130см.


Скулптуралната инсталација e финансиски поддржан од Министерството за култура на РС Македонија и логистички поддржан од општина Кавадарци.

Благодарност до Мермер Империјал и ЛЕМ – Lifting equipment Macedonia за поддршката во реализацијата на оваа  скулптура.


Скулптуралната инсталација Грозд е посветена на грозјето и лозарите од Тиквешкиот регион без чија што мака и пот не би можеле да ги вкусиме прекрасните вкусови на најдобрите македонски вина ниту да ги засилиме и замислиме радоста, љубовта, тагата или болката кои најчесто се залиени со Тиквешките вина и ракија.
Скулптурата  е посветена на сите оние кои грижливо ги чуваат традициите на одгледувањето винова лоза наследени од предците, оставајќи ги аманетите и тајните на лозарството на наредните генерации.

Од кога е векот од тогаш е и грозјето неретко ќе кажат во тиквешијата, за нив грозјето е се. И мака и радост и тага и пот и солзи и смеа. Гледано од емпириска гледна точка самиот грозд дава повеќе симболики од една страна гроздот и грозјето зборуваат за благодет и изобилие ги слават Дионис и Св. Трифун, но истовремено гроздот е симболна заедништво, на поврзаност на сплотеност. Големите зрнца однадвор на гроздот ги штитат помалите во неговата внатрешност, а токму пак тие помалите зрна се оние најслатките оние кои го даваат шеќерот и кои ги испуштаат аромите кои ги дефинираат сортите на грозјето и вкусовите на неговите дестилати.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …