Светска премиера на краткиот филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова на фестивалот за краток филм во Леувен, Белгија

Краткиот филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова ќе ја има својата светска премиера на 29-то издание на Фестивалот за краток филм во Леувен, Белгија, еден од најпрестижните европски фестивали, кој воедно е и квалификациски фестивал за Оскарите и Европските филмски награди.

„Прошетка“ е еден од 35-те селектирани филмови одбран од вкупно пријавени 3240 филма, кој ќе се натпреварува во Европската селекција и тоа и за четири награди: награда од жирито, награда од филмаџиите, награда од публика, како и номинација за Оскарите и Европските филмски награди.


Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, во продукција на „Три точки“ и во соработка со „ДНФ филм“ и „Вардар филм“.

Kortfilmfestival Leuven ќе се одржи од 24.11 до 02.12.2023 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …