ПОСЛЕ ТИГРИЦАТА НАДИА – Во зоолошката градина во Њујорк уште четири тигри и три лава заразени со корона вирус

По тигрицата од зоолошката градина Бронкс во Њујорк која се зарази со коронавирус, уште седум диви животни од оваа зоолошка градина биле тестирани позитивно, објави Друштвото за зачувување на дивиот свет.
Непрофитната организација, кој ја води познатата зоолошка градина во Њујорк, соопштила дека три тигри и три африкански лавови започнале да покажуваат симптоми на почетокот на април, кога зоолошката градина објавила дека малезискиот тигар Надија е позитивна на коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.
Сите животни на коронавирусот покажувале еден симптом – сува кашлица.
Уште еден тигар, кој немал никакви симптоми, е исто така позитивен на коронавирус.
Од зоолошката градина велат дека дивите мачки биле заразени од вработен, кој бил позитивен, но во тоа време не покажувал симптоми. Сега се воведуваат превентивни мерки за персоналот кој се грижи за нега на животни во четири зоолошки градини кои се затворени од средината на март.
Од зоолошката градина соопштиле дека животните сега се однесуваат нормално, јадат добро и не кашлаат многу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Песна за животот и многу генерации: ДНК, Наум Петрески и Џамбо Агушев (ВИДЕО)

Сигурно многумина од вас овие денови можеа да видат голем број од нашите јавни личности, …