Попоски: Пристигна првиот снег во Македонија!

Студениот бран кој го зафати целиот Балкан и го донесе првиот снег на планините, пристигна и во Македонија.

Температурите се за повеќе од 10 степени пониски од оние кои ги имавме пред скоро време, а студот денес го донесе и првиот снег за оваа сезона на планинските врвови “Титов Врв” и на “Кораб” (над 2500 м.н.в).


Од наша страна најавено беше дека ќе пристигне првиот снег во Македонија за оваа сезона со овој студен бран.

Од средината на оваа седмица, и тоа поради силното јужно воздушно струење се очекува поголемо затоплување на времето, а од утре ќе биде постабилно и посуво. Во петок и во сабота ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер.


Нови поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат од сабота попладне, тогаш ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со грмежи, а можна е појава и на локално невреме.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …