Подалеку од нив:Лицата од овие хороскопски знаци никогаш нема да ви бидат вистински пријатели!

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Додека некои луѓе вечно ќе ги обожувате поради нивниот нерасипан ум и добрина, други кога ќе го запознаете нивното вистинско лице многу бргу ќе успеат да ви замерат.

Лицата родени во следните хороскопски знаци никогаш нема да ви бидат искрени пријатели бидејќи се што тие гледаат е личната корист.


Водолија
Нивната рамнодушност бргу ќе ви покаже какви се всушност. Водолиите се исклучително егоистични и не им е гајле за туѓите проблеми. Не гледаат ништо лошо во игнорирањето па понекогаш нема да ви се јават со недели.

Близнаци
Ним никогаш не треба во потполност да им верувате. Многу се превртливи и ги менуваат пријателите без премногу размислување.Ако им упатите критика или им укажете на некој нивен пропуст веројатно ќе ве исфрлат од својот живот.


Стрелец
Ако некој ја гледа својата корист тогаш тоа е лицето родено во знакот на Стрелец.Луѓето многу бргу се врзуваат за нив бидејќи се забавни и симпатични, но тие дури и самите ќе ви кажат дека не се добри пријатели бидејќи не ги интересираат вашите приказни и проблеми. За нив се важни само тие самите.

Девица
Девиците се познати по својот нагол карактер па и не треба да ве чуди ако едно утро ве дочека со порака дека ги прекинуваат сите односи со вас. Многу се превртливи и користољубиви па со нив посебно бидете внимателни.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …