Починала легендарната Барбара Виндзор

Актерката Барбара Виндзор починала на 83-годишна возраст. Ѕвездата на популарната британска серија „Eastenders“ и филмскиот серијал „Carry On“ починала во дом за стари лица во Лондон.
Барбара Виндзор боледувала од Алцхајмерова болест и според нејзиниот сопруг Скот Мичел починала мирно.
На Барбара Виндзор болеста и била дијагностицирана во 2014. година, а од почетокот на оваа година е во дом за стари лица.


„Ќе остане запаметена по љубовта, забавата, пријателството и радоста што ги внесе во нашите животи“, рекол сопругот. Последниот актерски настап го имала во 2016 година во „сапуница“, а истата година од кралицата Елизабета Втора ја добила благородничката титула „дама“.
Откако и била дијагностицирана деменција, актерката станала амбасадор на Алцхајмерова болест. Таа се состанала и со премиерот Борис Џонсон за да им укаже на проблемите со кои се соочуваат лицата со Алцхајмерова болест.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …