(ВИДЕО+ФОТО) Картата на светот каква што ја знаеме е лага – Оваа е најточна!

Јапонскиот архитект Хаџиме Нарукава тврди дека решил вековен проблем – како верно да се претстави сферичната површина на Земјата на рамна површина.
Името на проекцијата на Нарукава е „Автотхаргична карта“ и претставува скоро пропорционални димензии на сите делови на планетата.
Во проекцијата, чија прва верзија е создадена во 1999. година, архитектот ги копирал физичките карактеристики на површината на планетата во голем тетраедар, поделен на 96. триаголници, а потоа ја превел површината на тој тетраедар во дводимензионална рамнина, пишува „Индипедент“.
За разлика од традиционалната карта на Меркатор од 16 век, во која Гренланд, на пример, бил значително зголемен, а Африка намалена, оваа мапа ги претставува реалните димензии на континентите. Оваа мапа не е совршена, но многумина се согласуваат дека е доста верна.


Нарукава за својот проект зборувал на конференцијата на ТЕД уште во 2011. година:


Повеќето мапи што ги користиме секој ден се засноваат на проекцијата на Меркатор од пред 450 години. Дури и „Google Maps“ користеле варијанта на оваа проекција до пред неколку години.
Нил Кај, експерт за климатски податоци во Канцеларијата за метеорологија во Велика Британија, исто така, направил визуелизација на картата што се менува помеѓу проекцијата на Меркатор и вистинските големини на земјите во однос на другите земји. Проекцијата на Меркатор ја искривува вистинската големина на многу земји, особено на оние далеку од екваторот.
Според оваа мапа, Русија, Канада, Гренланд, Европа, делови од Азија и САД се значително намалени, слично како и кај Нарукава. Проекцијата на Меркатор го покажува Гренланд како област поголема од Африка, додека во реалноста Африка е дури 14. пати поголема.

Проекцијата на картата од Меркатор за првпат беше презентирана од фламанскиот картограф Герхард Меркатор во 1569. година, напишала Националната географија. Била исклучително корисна за истражување бидејќи овозможува навигација под права линија и го одржува правилниот облик на државите. Но, кога ќе префрлите на тродимензионална форма, како што е глобус, на дводимензионална површина, нешто мора да попушти. Во овој случај, тоа е нарушување на големината и растојанието на државите кои се поблиску до половите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …