(ФОТО) „Таа само сака да си оди дома“: Меланија ги одбројувала деновите до излегувањето од Белата куќа

Првата дама на САД, Меланија Трамп, наводно, не може да го дочека моментот кога ќе го напушти Вашингтон и ќе ја остави својата политичка должност засекогаш далеку зад себе.
Додека нејзиниот сопруг Доналд Трамп е огорчен и не престанува да зборува, од ден за ден, за тоа како се наместени американските избори на кои тој загуби против кандидатот Џо Бајден, првата дама не го троши своето време. Меланија, наводно, не може да ја сокрие својата радост затоа што наскоро ја напушта Белата куќа.


Добро упатени извори за странските медиуми го потврдија расположението што владее помеѓу идниот поранешен претседател и неговата сопруга.

„Меланија само сака да си оди дома“, изјави еден од неименуваните извори за Си-Ен-Ен. Тој додал, дека таа веќе започнала да се распрашува за износот на средствата што ќе легнат на нејзината сметка откако ќе го напушти Вашингтон. До 20. јануари, кога официјално е закажана инаугурацијата на новиот претседател Бајден, Меланија совесно ќе ја носи својата титула и имала закажан распоред на должности кон кои строго се придржува.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by First Lady Melania Trump (@flotus)

Во меѓувреме, убавата Словенка подготвува сè за да се пресели во Флорида, каде што наводно Трампс решиле да живеат откако ја завршија својата политичка авантура.

Нивниот имот Мар-а-Лаго веќе се обновува. Импресивната недвижнина во Палм Бич треба да стане нивен дом, па затоа, како што пишуваат медиумите, Њујорк ќе биде заменет со потопли краеви. Покрај тоа, тие веќе започнале да бараат училишта за нивниот син Барон.

ТНо, те не се единствените. Се појавија гласини дека омилената ќерка на Доналд, Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушер исто така одат на Флорида. Тие, наводно, купиле имот на приватен остров недалеку од Мајами Бич.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …