ХУМАНО! Александра Јанева го промовира деби-албумот со хумана цел: Со купувањето на нејзиниот албум им помагате на ковид пациентите кои не можат да си овозможат болничко лекување!

Поп-пејачката Александра Јанева го промовира својот деби-албум „Срце отвори”. Албумот е компилација од 13 песни објавени во изминатите седум години од нејзината музичка кариера, почнувајќи со макфестовската „Врати ми го сонцето”.
Продажбата на дисковите започнува од утре, сабота во четири градови, а сите средства ќе бидат наменети за ковид пациенти кои не можат да си овозможат болничко лекување.


„Албумот е готов подолго време и иако никогаш не можеш да знаеш кога е вистинското време за нештата да се случат, јас сум пресреќна што токму сега, кога целото човештво се соочува со најголемите предизвици и најмногу ни треба сплотеност и емпатија, имам можност да го претставам овој симболичен проект пред публиката. Секој може да придонесе за општото добро со она што ќе го даде со отворено срце”.


На албумот се наоѓаат и песните „Еве ме пак”, „Најмило мое”, „Ќе се вратам некој ден”, „Еуфорија”, „Бам бам” на кои пејачката работеше со голем број домашни автори како Ристо Самарџиев, Ѓорги Крстевски, Иван Јованов, Марко Маринковиќ, Огнен Неделковски, Владимир Дојчиновски, Иле Спасев, Панче Илиев и Столе Аврамов.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …