Почина Бранко Лустиг – продуцентот на „Шиндлерова листа“ и „Гладијатор“

Како влијателен продуцент има работено на бројни филмски хитови како што е „Гладијатор“ за кој освои уште еден Оскар. Но, тој работел и на други блокбастери, од кои некои се „Ханибал“, „Пад на црниот јастреб“, „Добра година“.
Филмскиот продуцент Бранко Лустиг починал утрово на 88-годишна возраст во Загреб, пишува „Национал“.
Лустиг е најпознатиот хрватски продуцент и добитник на два Оскари за филмовите „Шиндлерова листа“ во 1993. година и „Гладијатор“ во 2000. година.



Тој ја започнал својата кариера во поранешна Југославија, работејќи на филмовите „Не свртувај се сине“ и „Козара“. Во осумдесеттите години, заминал во Лос Ангелес каде што го запознава Стивен Спилберг, со кого го направил филмот „Шиндлерова листа“ за кој доби „Оскар“.

 



Како влијателен продуцент има работено на бројни филмски хитови како што е „Гладијатор“ за кој освои уште еден Оскар. Но, тој работел и на други блокбастери, од кои некои се „Ханибал“, „Пад на црниот јастреб“, „Добра година“.
Пред околу десетина години се врати во Хрватска каде што беше претседател на Фестивалот на толеранција – еврејскиот филмски фестивал.


Бранко Лустиг е роден во Осиек во 1932. година. Поради своето еврејско потекло, тој бил затвореник на злогласните концентрациони логори Аушвиц и Берген-Белсен за време на Втората светска војна. Повеќето членови на неговото семејство исчезнале во концентрационите логори низ цела Европа, вклучително и неговата баба која била убиена во гасна комора и неговиот татко кој бил убиен во Чаковец. Неговото искуство од логорот е вградено во филмот „Шиндлерова листа“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …