Почина актерот Питер Мејхју, од „Војна на ѕвездите“: Замина Чубак!

Чубак, познат и како Чуи, беше силен војник со меко срце, тело покриено со крзно, копилот на бродот “Милениумски сокол“ и лојален помошник на Хан Сол, кој го толкуваше Харисон Форд.


Актерот Питер Мејхју, најпознат по толкувањето на улогата на Чубак, почина на 74 годишна воздраст, соопшти неговото семејство. Мејхју починал во вторникот, во неговата куќа во Тексас.

Причините за смртта не се соопштени, велат од агенцијата „АП“.


Чубак, познат и како Чуи, беше силен војник со меко срце, тело покриено со крзно, копилот на бродот “Милениумски сокол“ и лојален помошник на Хан Сол, кој го толкуваше Харисон Форд.„Питер Мејхју, беше љубезен и мек човек, со големо достоинство и великодушен карактер“ – изјавил Форд во соопштението.


Форд додал дека со Мејхју не бил само партнер во филмот туку и долгогодишен пријател, повеќе од 30 години.

Мејхју се родил и пораснал во Велика Британија, каде што се појавил само во еден филм, а својата кариера ја продолжил во Америка. Американски државјанин станал во 2005-та година. Мејхју бил оженет и татко на три деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …