Платформата Наука за деца објави конкурс за едноминутни научни видеа

Од денес па до 20 октомври сите што сакаат да ги испробаат своите вештини за правење забавни научни видеа, можат тоа да го прават под хаштагот#НаукаЗаДеца. И да добијат награда.

Едукативната платформа naukazadeca.mk, која е под покровителство на Фондација КАНТАРОТ, со желба да ја промовира научната култура во земјава, распиша отворен конкурс за едноминутни научни видеа под наслов: ЕДНА МИНУТА НАУКА.


Сите заинтересирани можат да направат видео на македонски кое на кул начин ќе објасни некој научен концепт (закон, правило, експеримент…). Видеото може да се објави на која било социјална мрежа со хаштаг#НаукаЗаДеца до 20 октомври. Како што велат од Наука за деца, најважно е видеото да биде и точно и „сочно“ – точно да го престави научниот концепт и да има момент на забава, досетливост или хумор.


Најдобрите видеа ќе бидат наградени со четири награди: NotebookSamsungChromebook 4 Plus N4000 за најдоброто видео, Таблет SamsungGalaxyTab A7 Lite T225 за видеото што ќе освои второ место, безжични слушалки SamsungBuds+ за третопласираното видео и NintendoSwitch, како специјална награда за популарност на ТикТок, за видеото што ќе собере најмногу лајкови.

За првите три награди ќе одлучува жири комисија составена од тим научници кои стојат зад платформата Наука за деца. Научниците детално ќе ги разгледаат сите видеа што ќе учествуваат на наградниот натпревар и ќе ги рангираат според горенаведените критериуми.


Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 25 октомври.

Сите детали за наградниот конкурс се достапни на: https://naukazadeca.mk/minuta/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …