ШОУТО СЕПАК ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ: SKOPJE SOUNDS GOOD И SKOPJE CALLING СЕПАК ЌЕ СЕ ОДРЖАТ!

Дата: 29-ти и 30-ти октомври

Локација: Младински културен центар- Скопје


Драги пријатели,

Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот.


Поради тоа, заедно со нашите спонзори- стратешки партнери, одлучивме двата фестивала SKOPJE SOUNDS GOOD и SKOPJE CALLING коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој момент.


Па така, SKOPJE SOUNDS GOOD, со скоро непроменет line up ќе се одржи на 29-ти октомври, со настапи на BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE и FUNK SHUI, а утредента на 30-ти октомври ќе се одржи македонско издание на SKOPJE CALLING исклучиво со домашни диџеи и тоа: GALOSKI, CYRILLIC, CHRIS J и JANA SLAYY. Со вакво одржување на SKOPJE CALLING не само што ќе имаме можност за добра забава, туку им даваме шанса и на македонските артисти да настапуваат под овој сериозен фестивалски бренд.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во четврток (07-ми октомври) во 09 часот наутро, во строго ограничен број по следниве цени:

SKOPJE SOUNDS GOOD- 700 денари

SKOPJE CALLING – 500 денари

Блок влезница (за двата настана)- 900 денари

Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување на јавни настани.

Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …