Писмо од Анѓела Станојковска: Потребна помош за пронаоѓање на мајка ми

Ви се обраќам за да побарам помош за вас во подигање на свеста на надлежните органи и населениото во потрагата на мајка ми која исчезна на 22.03. Подоле оставив опис на ситуацијата. Доколку може да објавите на вашите медиуми ќе ни бидете од многу голема помош. Нашето семејство е мало и ни е потребна сета помош за да се пронајде мајка ми.

This image has an empty alt attribute; its file name is isceznata-zena-1.jpg


„Виолета Крстевска Јаневска на 60. години последен пат е видена во вторник, 22.03.2022 година од 17.30 до 18.00 часот во Пошта во населба Драчево. Облечена е во црно, црн капут, морнарски тренерки и црни кондури, и црвена чанта и наочари за гледање .Висока е 166 сантиметри, има 52 килограми. Има црвена коса и малку бела коса.Таа нема претходни психички нарушувања или болести, ниту е зависен од било какви супстанци или лекови, таа е многу одговорно и организирано лице, повеќе од 40 години работи како сметководител на Факултетот за безбедност, грижејќи се за себе и за своето здравје, води здрав начин на живот.
Таа на кратко излезе од дома за да ги земе очилата од оптичарот и ги подигнала и потоа и се губи трагата.
Телефон за контакт 071 370 185. Ако сте во можност доброволно да прашате, контактираајте ме.“
Однапред им се заблагодарувам на сите што ни помагаат и ќе ни помогнат во потрагата.
Со почит, Анѓела Станојковска

Фото: Приватна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …