ПОТВРДЕНИ НАГАЃАЊА: Ѕвездата на „Умри машки“ Брус Вилис поради АФАЗИЈА се простува од актерството

Афазијата е неможност да се користи јазикот: како таква, таа се манифестира преку сите јазични модалитети: влијае на способноста за слушање и зборување, читање и пишување и не зависи од слухот и видот.
Брус Вилис страда од здравствена состојба која влијае на неговите когнитивни способности и ќе паузира од актерството, објави неговото семејство.
Веста е објавена на Инстаграм профилот на неговата ќерка Румер.

View this post on Instagram

A post shared by Rumer Willis (@rumerwillis)


„Сакавме да им кажеме на обожавателите на Брус како семејство, дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми, неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус се оддалечува од кариерата која многу му значеше”, се вели во соопштението.
„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, велат тие. Истата објава се појави и на профилот на поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.


View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Што е афазија?
Кај возрасните, називот афазија се однесува на нарушување на веќе стекнатиот јазик и говор.
Причина за настанување
Причината за афазијата е познато или непознато оштетување на мозокот (оштетување кое е мало, т.е. молекуларно или невробиохемиско, па затоа е морфолошки невидливо, односно не може да се докаже со дијагностички процедури). Најчеста причина за афазија е мозочниот удар. Причините најчесто се васкуларни лезии, тумори, трауми, дегенеративни заболувања на ЦНС. Може да се настане и со повреда на главата, удар или инфекција.
Клиничка слика
Афазијата е неможност да се користи јазикот: како таква, таа се манифестира преку сите јазични модалитети: влијае на способноста за слушање и зборување, читање и пишување и не зависи од слухот и видот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …