Петто издание на „Омнибустопија“

Денес и утре на две локации, во автобус на ЈСП, фонтана на Градски Парк и во Јавна Соба во Скопје, ќе се одржи петтото издание на „Омнибустопија“.

Програмата на нејзиното петто претставување ќе биде делумно во знакот на ремикс уметностите. По три години, повторно, дел од настаните ќе се реализираат во автобус. Ќе имате можност да проследите ексклузивни концерти, изложба, разговори и работилници.


Подолу може да ја погледнете целокупната програмата;

28 септември, четврток:
Автобус на ЈСП, фонтана на Градски парк | 20:00
– Концерт на Драган Теодосиев трио (Благојче Томевски – кларинет; Стефан Миладинов – електрична гитара; Драган Теодосиев – тапани)
– Разговор на Јордан Шишовски и Мариглен Демири
29 септември, петок:
Јавна соба | 20:00
– Групна изложба на колективот Matrijaršija од Белград
– Концерт на Crno dete (Damjan Brkić – електрична гитара; Milan Bukejlović – тапани; Tomislav Marjanović – саксофон)
– Концерт на Sethstat (Васко Бојаџиски – саксофон; Владан Дробицки – тромбон; Панче Бујуклиев – синтисајзери; Павел Дробицки – бас гитара; Гоце Наумов – тапани)
Сите настани се бесплатни, освен концертите на Crno dete и Sethstat, за кои ќе се наплаќа билет од 400 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …