Без разлика дали опремувате нов дом, го реновирате стариот, или пак ја само менувате кујната, задолжително проверете ја ненадминсливата во дизајн и перформанси линија на апарати за домаќинството на Samsung Bespoke.
Кога зборуваме за дизајнот на уредите и апаратите за домаќинството, јасно е дека ентериерот на вашиот дом не го сочинуваат само стилскиот намештај, уметничките слики и предмети, и совршеното комбинирање на боите кои одговараат со минималистичкиот, модерниот или пак ретро стилот кој сте го одбрале за вашиот внатрешен дизајн. Еднакво толку важна е и белата техника, која му дава дополнителен шмек и убавина во форма на фрижидерот или рерната во кујната, машината за перење алишта или пак вашата модерна безжична правосмукалка.
BESPOKE концепот е посветен на креативност, убавина, стил и секако беспрекорна функционалност. За Samsung современите трендови не ја ограничуваат фантазијата од аспект на користење материјали. Сите бои и материјали се во игра: дрво, мермер, керамика, па дури и земјени тонови на мебел. Секоја просторија треба да е совршено стилизирана, а една од најважните во нашиот дом секако е кујната и нејзиниот најголм и највпечатлив апарат – фрижидерот. Дизајнот на фрижидерите Samsung Bespoke е на секој начин привлечен и посебен. Начинот на кој совршено се вклопува во секоја кујна, речиси незабележливо, небаре таму припаѓа изворно, заслужено ја носи титулата безвременски дизајн! Но беспрекорниот дизајн не е единственото нешто кое го прави Bespoke фрижидерот посебен. Неговата технолошка иновација ќе ви го направи животот полесен. Сите знаеме дека не сите намирници се исти и изискуваат различни оптимални температури. Некои треба да се изладат малку подобро од останатите и затоа ви се овозможени две температурни зони, а фиоката Humidity Fresh + е тука да ја одржи совршената влажност. Функцијата All Around Cooling ви овозможува рамномерно ладење или едноставно сеопфатен систем на ладење, а за одржување на константна температура и подолга свежина на храната, се грижат стратешки поставени отвори за вентилација.
Еднакво привлечен дизајн и новите технологии при готвењето ги добивате со Bespoke рерната со која имате можности да готвите и парете истовремено со помош на Dual Cook Steam функцијата, да готвите во две посебни зони од рерната со Dual Cook Flex како да имате две посебни рерни кога тоа ви е потребно, да пржите на воздух со Air Fry и со тоа да конзумирате поздрава храна. Воедно, не треба да се грижите ниту за количината на храната која можете да ја зготвите, бидејќи оваа рерна има капацитет од 76 литри.
Ново ниво на хигиена во домот со Bespoke
Без дилеми, од новата Bespoke Jet™ AI стик правосмукалка ќе бидете презадоволни од нејзината моќност на вакуумскиот мотор со вшмукување до 280 W и максимална моќност на моторот од 720 W. Но она што ќе ве плени се нејзиниот дизајн да изгледа како стилски дел од ентериерот и иновативното решение за вградена вештачка интелигенција која овозможува анализање и одредување на типот на подот со цел да се оптимизира процесот на вшмукување и да се обезбеди максимална ефикасност на батеријата која има 80% поголем капацитет од претходниот модел. Преку апликацијата SmartThings и Smart Wi-Fi поврзување, лесно ќе ги приспособите поставките и функциите на овој уред, додека опцијата за паметна самодијагностика е задолжена за одржување на врвните перформанси.
Насочена кон создавање на хигиенски чисто опкружување, новата Samsung Bespoke Jet™ AI доаѓа со надградена All-in-One Clean Station™ што користи технологија Air Pulse за автоматско празнење на резервоарот за прав. Овој држач користи и технологија Air Spin Edge која го врти Spinning Cyclone со брзина на сечилото до 1000 вртежи во минута за да ги исфрли сите остатоци, вклучувајќи ги и сите преостанати честички што може да се заглават во резервоарот. Дополнително, има автоматско затворање на капакот по секое одложување со повеќеслоен систем на филтрација за собирање и на најситните честички од прашина, како и подобрено отстранување на влакна за 99% со што похигиенско празнење на резервоарот е овозможено.
А кога зборуваме за беспрекорна чистота, тука e и Bespoke AI Laundry линијата на машини за перење и сушење на алишта со вештачка интелигенција, со кои вашата облека ќе сјае. Со иновативната технологија Ecobuble, можете да имате машина која ќе користи ладна вода и без замерка темелно ќе ги пере вашите алишта, додека вештачката интелигенција ќе пресметува колку прашок е доволен имајќи предвид колку вашите парчиња се валкани. Со сите овие паметни функции, добивате апарат кој ќе заштедува вода, детергент и енергија, кој на вашите ткаенини ќе им овозможува подобра нега до 45,5%, и сето тоа овозможено за перење со поголем капацитет до 11 кг. Едноставниот и рамен дизајн совршено ќе се вклопи со вашиот модерен ентериер, а вие ќе можете да уживате во врвната ефикасност со помалку бучава и долготрајните резултати од вашата Bespoke машина за перење алишта.
Концептот на линијата производи Bespokе не ги инкорпорира само иновативните технологии, туку ги вклучува и различните потреби, вкусови и начини на живот на сите корисници. Оваа визија се протега низ целиот дом бидејќи поврзувањето е во центарот на секоја иновација на Samsung, придружена со впечатлив и неодолив дизајн. Запоменете, магичниот збор е BESPOKE!