Откриени детали од тајната средба на принцезата Шарлин со децата

Монегашката принцеза Шарлин од средината на ноември е хоспитализирана во приватна болница во Швајцарија, а за време на празниците нејзината средба со седумгодишните близнаци била организирана во најголема тајност.
Ден пред Бадник, ВИП возило се упатило кон швајцарските Алпи со монегашкиот принц Алберт, кој седел во автомобил со седумгодишните близнаци, принцот Жак и принцезата Габриела, а само неколку минути по пладне, насмевката на малечките наследниците не им се симнувала од лицата. Во тој момент им се придружила нивната мајка, 43-годишната принцеза Шарлин, која по пет недели конечно ги прегрнала.
Тоа била и прва средба со нив откако во ноември се вратила од Јужна Африка во Монако по неколкумесечно отсуство, а потоа итно била хоспитализирана поради лошата здравствена состојба.

This image has an empty alt attribute; its file name is sarlin-4.jpg
Бидејќи тоа не била само болест во физичка смисла, туку и тешка исцрпеност, во почетокот, додека терапијата не почнала да дејствува, на Шарлин не и било дозволено да прима посети. Фокусот на целокупниот третман бил да си ги врати силите, а откако и се подобрила состојбата добила можност да ги види децата и сопругот.
Близнаците и подариле на мајка си цртежи кои сами и ги направиле, а потоа заедно ручале, играле, пееле, но заедно имале и молитва. По четири часа дружење, Шарлин со тешко срце морала да се збогува со децата. Новата средба се одржала на 2. јануари, повторно во тајност.
Како што било откриено, Алберт и близнаците се важен дел од нејзиното закрепнување и заедно учествуваат во семејната терапија.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …