(ВИДЕО) ИЛИ ОВА ИЛИ ОМИКРОН Британската водителка наместо маска на лицето ставила две хигиенски влошки…

Популарната британска водителка Кејт Лоер покажала колку е снаодлива кога од две хигиенски влошки обликувала маска за лице.
Кејт споделила видео на кое носи импровизирана маска за лице во возот откако заборавила да земе заштитна маска.
– Ја заборавив маската за лице, но во ранецот најдов две хигиенски влошки. Не осудувајте. Или ова или омикрон, напишала таа во видеото кое го објавила на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by KATE LAWLER (@thekatelawler)


-Да ми кажевте во јануари 2020 година дека за две години ќе ставам две хигиенски влошки на лицето за да направам импровизирана маска додека сум во воз, ќе помислев дека сте пијани, се пошегувала таа.
Исто така, Кејт ги предупредила своите следбеници да ги избришат и блокираат сите што се обидуваат да го „политизираат“ нејзиното видео.
-Благодарам на сите кои продолжуваат да ја носат маската за да ги заштитат најранливите и најстарите луѓе во нашето општество. Добри луѓе сте, заклучила водителката.


Фото: Принтаксин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …