Темна страна на вашиот знак: Еве на што да внимавате во 2022 година!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Секој од нас има своја темна страна, која внимателно се обидуваме да ја сокриеме, но која одвреме-навреме сепак излегува на површина. Тоа може лошо да се одрази на нас самите, во вид на самоуништување, но и на другите кои намерно или ненамерно можеме да ги повредиме. Еве ги темните страни на хороскопските знаци и како во 2022. година можеме да ги потиснеме нивните импулси и да бидеме подобри кон себе и кон другите.

Овен
Ве води силен натпреварувачки дух. Секогаш сакате да бидете први, дури и ако тоа значи дека треба да направите погрешна работа.
Од друга страна, ако некој се обиде да ве заобиколи, вие тоа го сфаќате како лична навреда и почнувате да го мразите поради тоа.
Во 2022. година, обидете се да научите како да работите во тим.


Бик
Претставниците на овој знак сакаат пари и важат за најматеријални луѓе меѓу сите знаци, а важат и за големи перфекционисти.
Во обид да изгледаат совршено, жените Бикови можат да поминуваат многу време пред огледалата.
Сметаат дека е сосема нормално да трошат огромни суми пари на облека и козметика.
Совет е да се фокусирате повеќе на заштеда на пари.

Близнаци
Ги анализирате луѓето и ги гледате низ очите на критичарите. Честопати не сфаќате дека вашите груби коментари можат да повредат некого.
Зборовите се забораваат, но трагата сепак останува.
Ако сакате да одржувате блиски односи со пријателите и семејството во 2022. година, бидете повоздржани и толерантни.
Не треба се’ да критикувате.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …