Општина Чаир со известување за процесот на регистрација на првачињата во нејзините основните училишта

Почитувани родители, драги ученици,
Ве известуваме дека во текот на целиот месец Мај ќе се реализира процесот на регистрирање на првачињата во основните училишта на Општина Чаир овој пат во согласност со утврдените протоколи за заштита од вирусот Covid 19.
Апликацијата за регистрација и доставувањето на потребните документи овој пат може да се направи онлајн преку веб страната каде потоа ќе бидете контактирани од страна на училиштето на телефонскиот број оставен во апликацијата за одредување на термин за спроведување на интервјуто со детето во просториите на училиштето.Ова ќе овозможи избегнување на метежот и групирањето во училиштата.
Но, целиот овој процес може да се реализира и во училиштата каде на родителот ќе му се одреди термин за доставување на документацијата и за реализација на интервјуто со детето. Физичкото присуство за спроведување на интервјуто со детето останува задолжително и за нејзина реализација секое училиште ќе функционира врз принципот на термини во две форми на аплицирање.
Апелираме до сите инволвирани страни во процесот на регистрација на првачињата (наставници, родители, деца, административно – технички кадар) за голема претпазливост во текот на работата за заштита на јавното здравје. Општина Чаир ви посакува лесен и успешен процес на регистрација на децата во местата на знаењето!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …