Одбележување на 1 јуни, Меѓународен ден на детето во Даут пашин амам

По повод Меѓународниот ден на детето, на 1 јуни 2022 г. (среда), Националната галерија ќе организира детска ликовна работилница во објектот Даут пашин амам, во периодот од 18:00 до 20:00 часот, Ве каниме да бидете дел од овој настан.

This image has an empty alt attribute; its file name is den-na-deteto-5.jpeg


Преку ваквите едукативни програми се исполнуваат целите и мисијата на Националната галерија:

– Функционални (популаризација на ликовното творештво на Р.С. Македонија, доближување на ликовната уметност до најмладата популација, промовирање на културното наследство)


– Општообразовни цели (запознавање на учениците со ликовните уметници, учење на нови техники на сликање, продлабочување на знаењата здобиени во текот на формалното образование)

– Воспитни цели (градење и развивање на свест за уметноста, за уметничките галерии и музеи, за предметот на нивната работа и нивната улога во општеството.)


This image has an empty alt attribute; its file name is den-na-deteto-4.jpg

Помагаме во остварување на правата на децата загарантирани со меѓународни конвенции:

• Рамноправност на човековиот развој

Програмата обезбедува зголемување на коефициент на индесот на човековиот развој (HDI) преку трите основни димензии меѓу кои е знаењето мерено според стапката на писменост.

• Рамноправност на половите

Според националната родова структура застапеноста на половите во активностите е позитивен пример на пристап на апсолутна еднаквост.

• Рамноправен пристап кон ресурсите на едукација и креативност, социјална инклузија на ранливи категории и лица со попреченост

This image has an empty alt attribute; its file name is den-na-deteto-3.jpg

Вклученоста во едукативните програми е независна од возраста, полот, верска припадност, социјална положба, физичка и/или ментална попреченост бидејки образованието има особено влијание врз градење на човековиот интелектуален капитал во борба за намалување на сиромаштијата, зголемување на социјалната кохезија и елиминирање на можност од социјална неправда и дискриминација. Јакнење на човековите капацитети, особено кај децата, за исполнет, продуктивен и достоинствен живот.

This image has an empty alt attribute; its file name is den-na-deteto-2.jpg

Меѓу останатото, овој датум, 1 јуни, Меѓународниот ден на детето, е ден исполнет со бројни активности, ден на кој треба да се каже „не” на насилството и злоупотребата на децата, а воедно обезбедување на благосостојба и правилен развој. Ден на кој децата низ игра и настани „гласно” ги промовираат нивните права.

Уметноста е мостот кој ги обединува децата, како на локално така и на глобално ниво, без оглед на меѓусебните културолошки разлики. Таа инспирира создавање на нешто ново, поинаква перспектива на поглед на Светот.

This image has an empty alt attribute; its file name is den-na-deteto-1.jpg

Да се придружиме и помогнеме, насмевките на нашите деца да бидат секојдневие а овој ден да биде значаен датум за одбележување.

Ве очекуваме!

Национална галерија на Република Северна Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …