(ФОТО) Славниот актер поради новата улога целосно го променил изгледот – непрепознатлив е!

АКТЕРОТ Бредли Купер целосно го променил својот изглед поради улогата во филмот „Маестро“ и е речиси непрепознатлив.
Купер го игра американскиот диригент Леонард Бернштајн во неговиот нов филм за Нетфликс. Овој музичар е роден во 1918. година, а починал во 1990. година од срцев удар, кој настанал како последица на откажување на белите дробови.
На промотивните фотографии објавени на Твитер, Купер го гледаме како млад Бернштајн, а покрај него е актерката Кери Малиган. Можеме да видиме и како изгледа Купер додека го игра Бернштајн во неговите позрели години.


Сè уште не се знае многу за „Маестро“, чија премиера треба да се појави во 2023. година. Според IMDb, тоа е „комплексна љубовна приказна на Леонард и Фелисија, приказна која опфаќа повеќе од 30. години – од моментот кога се запознале во 1946. година на забава и продолжува преку две веридби, 25-годишен брак и три деца“.
Купер го напишал сценариото во соработка со Џош Сингер, додека продуценти на филмот се познатите режисери Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг. Снимањето е во тек, а премиерата се очекува во 2023 година.
„Како дете бев опседнат со диригирање и вежбав со часови. Спилберг го знаеше тоа. Ме праша дали сакам да го играм Бернштајн, а кога го гледаше ‘A Star Is Born’, сфати дека би можел да напишам добро сценарио”, раскажал актерот во јануари, додека гостувал во „The Late Show with Stephen Colbert“.

Фото: NetflixFilm


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

80 години јубилеј на Национална установа- Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – …