Оброк со тиквички и сирење кој само се измешува и се става во рерна

Едноставна формула – измешајте сè и ставете го во рерна – е одличен избор во текот на летните денови.
Состојки:
2 тиквички со средна големина
2 јајца
150 гр рендано или издробено сирење (гауда или домашно)
200 мл кисела павлака
100 гр остро брашно
3 големи лажици пченкарно брашно
сол и црн пипер
малку масло и остро брашно
Подготовка:
Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги тиквичките. Ако имате тиквички од домашно производство, нема потреба да ја лупите кожата. Посолете ги тиквичките и оставете ги да отстојат, па исцедете ги. Вмешајте ги јајцата, па павлаката и сирењето и на крајот додадете брашно. Додадете сол и бибер по ваш вкус.
Сад за печење намачкајте со масло и посипете со брашно. Истурете ја подготвената смеса и ставете ја во рерна загреана на 180. степени. Печете помеѓу 30. и 40. минути, додека површината не добие златно жолта боја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИНЕРАЛ на кој не смееме да заборавиме во сезоната на настинки: Важен за функцијата на имунолошкиот систем

Дали внесувате доволно цинк? Сезоната на настинки и грип е во тек, а еден од …