(ВИДЕО) НЕОЧЕКУВАНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ – Кучето во градината нашло јајце, по 25 дена следел шок

Кучето Стела сака кога нејзините сопственици и фрлаат стапови и топки, кои потоа мора да ги бара, но пред неколку недели се забавувала со нешто друго. Таа пронашла јајце во градината и го донела и го положила пред нејзината сопственичка Ерика Лаурензи.
Сопственичлката на почетокот била збунета и се обидела да открие каде Стела го нашла јајцето и сакала да го врати. Но, наоколу немало мајка, па го однела дома со себе. По некое истражување сфатила дека ќе и треба инкубатор. На радост на Стела, после 25. дена јајцето конечно пукнало и се излегла мисирка. Изненадувачки, мисирката се излегла на истиот ден кога Лаурензи го славела својот роденден.

@lostmileorganic That time your dog comes out of the woods with a mystery egg 🤷🏻‍♀️🐣🦃 Happy, healthy, growing and warm! #babyturkey #ReadyForHell #MINDORDERING ♬ Flowers (feat. Nori) – In Love With A Ghost


„Стела веднаш утрото знаеше дека нешто се случува. Го гледаше инкубаторот, а потоа едно суштество излезе од лушпата од јајцето“, раскажала Лаурензи за The Dodo.
Лаурензи изјавила дека мисирката нема да заврши како вечера за Денот на благодарноста, туку ќе помине долг и убав живот на нивната органска фарма на отворено.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …