(ВИДЕО) Австралиски ММА борец спасил маж од пијани насилници, ги тепал и двајцата истовремено

Австралискиот ММА борец Виктор Лајал натерал двајца пијани насилници да се сеќеваат на нивното ноќно излегување во кое предизвикувале проблеми.
Лајал добил високи пофалби на социјалните мрежи откако спаси неименуван маж од насилниците. Иако тој дел не се појавува на видеото, Лајал спасил човек кој бил претепан од двајца пијани насилници.
Австралиецот се вклучил во тепачката и го одделил мажот, по што пијаните насилници се обиделе да се пресметаат со него. Тие згрешиле.
Виктор Лајал, кој е долги години трениран ММА борец, во неколку наврати со жестоки удари ги соборувал насилниците на земја. Сепак, тој бил внимателен и не сакал по секоја цена да го претепа пијаното дуо, но тие го следеле и на крајот ја научиле лекцијата.

View this post on Instagram

A post shared by Bec Rodriguez (@rowdybec)


Еден од двајцата се обидувал да застане зад Виктор и да го удри одзади, но австралискиот ММА борец бил свесен за околината и внимателно се погрижил пијаниот да не му пријде одзади.
Откако продолжиле со агресивниот разговор и став, Лајал реагирала и со удар во глава го соборил дрскиот пијаница на подот. Се чинело дека работите се смириле, но потоа ММА борецот стави крај на драмата удирајќи ги еден по друг со оковани тупаници.
Со нив била и девојка која му се заканувала на Лајал дека „татко и е бодибилдер кој ќе го уништи“.
Светот на најголемите ММА ѕвезди воодушевено го коментирале овој потег, па во заштита на Лајал застанале ѕвездата на УФЦ, Педи Пимблет, Питер Квили, Суман Мохтаријан, светскиот боксерски шампион Шенон Бригс…


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …